Политика за колачиња

Нашата веб-страница e-learning.mk користи колачиња (мали текстуални датотеки), кои овозможуваат подобро функционирање на страницата, но и подобро искуство за вас додека ја користите. E-Образование ПДОО Скопје, како сопственик на e-learning.mk, се труди да ја почитува вашата приватност и да ги заштити сите ваши лични податоци што се собираат при посетата на веб-страницата, и дејствува како контролор на личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Доколку имате прашања, контактирајте со нас. За повеќе информации за заштита на правата на приватност во нашата компанија, прочитајте ја нашата Политика за приватност.

Дефиниција на колачиња

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки кои се испраќаат од веб-страниците што ги посетувате и се зачувуваат на вашиот уред.

Колачињата се користат многу често од сопствениците на веб-страниците со цел да се олесни функционирањето на веб-страницата или да се запомнат вашите активности и преференции за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и за да се прикаже нејзината навигациска историја. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од веб-страниците што ги посетувате и да помогнат за ваша идентификација при повторна посета.

Колачињата поставени од сопственикот на веб-страницата или од давателот на услуги (во овој случај Е-Образование ПДОО Скопје) се нарекуваат „колачиња на првата страна“.

Колачињата што се поставени од други страни, а не од сопственикот на веб-страницата, се нарекуваат „колачиња на трети страни“.

Постојани колачиња: овие колачиња остануваат на уредот на корисникот за временски период определен во самото колаче. Тие се активираат секој пат кога корисникот ќе ја посети веб-страницата што го има поставено тоа колаче.

Колачиња за сесија: овие колачиња им овозможуваат на операторите на веб-страниците да ги поврзат дејствијата на корисникот за време на сесијата во прелистувачот од каде што пристапува корисникот. Сесијата почнува кога корисникот го стартува прозорецот од прелистувачот и завршува кога корисникот ќе го затвори прозорецот од прелистувачот. Колачињата за сесија се создаваат привремено. Откако ќе го затворите прелистувачот, сите колачиња за сесија се бришат.

Кои колачиња ги користиме и зошто?

На оваа веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:

  • За техничко функционирање на веб страницата;
  • За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
  • За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не се согласувате) со нашето користење на колачиња (cookies) на оваа веб страница.
  • Користиме постојани колачиња (cookies), кои го помнат пребарувањето, односно сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Кога ја посетувате нашата веб-страница, можеме да собереме некои податоци од вашето пребарување, како на пример IP-адресата, потоа која содржина од веб-страницата сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб-страница сте биле пренасочени.

Кога ја посетувате нашата веб-страница, користиме услуга на трета страна Google Analytics за да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту пак е овозможено Google да го открие идентитетот на оние што ја посетиле нашата веб-страница.

Како да ги избришете или блокирате колачињата

Повеќе прелистувачи овозможуваат одредена контрола на повеќето колачиња преку поставките на прелистувачот. Меѓутоа, ако ги користите поставките на прелистувачот за блокирање на сите колачиња (вклучително и функционалните колачиња), можеби нема да можете да пристапите до целата веб-страница или до одредени нејзини делови.

Промена на поставките за колачиња. Поставките на прелистувачот за промена на поставките за колачиња обично се наоѓаат во менито ‘Options’ или ‘Preferences’ на вашиот прелистувач. За да ги разберете овие поставки, може да ви бидат корисни следните линкови. Во спротивно, треба ја користите опцијата ‘Help’ во вашиот прелистувач за повеќе детали.

Повеќе информации. За да дознаете повеќе за колачињата, вклучително и како се поставени, како да управувате со нив и како да ги избришете, посетете ја страницата www.aboutcookies.org.

Генерални информации

Политиката за колачиња е дел од Политиката за приватност и заштита на лични податоци на E-Learning која што објаснува што правиме со собраните информации од нашите Корисници. За повеќе информации посетете ја Политиката за приватност и заштита на лични податоци. Политиките може да се менуваат и обновуваат повремено. Ве молиме посетувајте ги политиките заради Ваша информираност за нивните евентуални промени.