Оваа политика на приватност се однесува на понудата услуги на Друштвото за едукација Е-образование развоен центар ПДОО Скопје, како и на веб-страницата e-learning.mk.
Политиката на приватност има за цел да ги објасни практиките на организацијата во делот на поединечните идентификациски податоци (лични податоци) кои ги обезбедувате Вие или некоја трета страна на веб страницата e-learning.mk.
Заштитата на личните податоци на корисникот на оваа веб страница е регулирана со оваа Политика на приватност и одредбите од Законот за заштита на личните податоци и задолжителните упатства на Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Сигурност
E-Learning.mk презема и одржува строги мерки за заштита на безбедноста и доверливоста на Вашите лични податоци за да ги заштити истите од случајни или намерни манипулации, губење, уништување или од пристап од страна на неовластени лица. Вашите лични податоци нема да се даваат на трети лица, освен ако важечкото законодавство бара откривање на овие податоци на надлежните органи, но единствено и само на нив.
Лични податоци
Веб-страницата прибира лични податоци од корисниците на едукативните услуги со цел реализација на образовната програма и полесна комуникација со корисниците. Личните податоци и коментари кои ги запишувате се процесираат преку https безбедносна енкриптирана конекција. Личните податоци можат да се чуваат и обработуваат за статистички и маркетиншки цели, како и за подобрување на понудените услуги. Личните податоци се собираат на доброволна основа. Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.
Во секој момент можете да не контактирате да ја избришеме вашата регистрација заедно со сите ваши внесени податоци.
Автоматски собрани информации, кои не се лични податоци
При прегледување на оваа веб страница, одредени информации се собираат автоматски (не преку регистрација), кои не се поврзуваат со определено лице (на пр. користен интернет-пребарувач, име на домен од кој доаѓате, број на посети, просечно време на задржување на страницата, повикани страници и сл.). Овие информации ги користиме за да ја испитаме атрактивноста на нашата веб страница и да ја подобриме нејзината содржина. Ако ја посетите нашата веб страница, може да се случи во вашиот компјутер да ставиме информации во форма на „Cookie” (колаче), кое ве препознава автоматски при вашата следна посета. Овие Cookies дозволуваат одредена веб страница да се приспособи кон вашите интереси или да ја зачува вашата лозинка, за да не мора секој пат одново да ја внесувате. Ако го одбивате користењето на Cookies, имате можност да го наместите вашиот интернет пребарувач, така што ќе ги брише овие Cookies од вашиот компјутер или ќе ги блокира сите Cookies, пред да се зачува кое било од нив.
Измени во Политиката на приватност
Го задржуваме правото да вршиме измени на оваа Политика на приватност во секое време. Датумот на измената ќе биде прикажан на оваа веб страница, при што измените ќе стапат на сила од денот на последната измена. Датум: 12 Мај 2023
Дополнителни прашања и информирање
Ако имате било какви прашања или загриженост во врска со нашата Политика на приватност на Вашите податоци при користењето на оваа веб страница, Ве молиме да не контактирате на нашата е-пошта (види контакт).