Државна матура по математика 2024
Информации за испитот
- Јунска сесија: 8 Јуни 2024, 10:00 часот
- Августовска сесија: 14 Август 2024, 10:00 часот
- Измени и новости
- Кои теми ќе бидат опфатени?
- Како да се подготвам?
Решени матурски тестови по математика
- 110 решени и објаснети задачи
- Во склад со испитна програма за 2024
- 10 часа видео материјал
- 10 пати поефтино од часови во живо
Следниве теми ќе бидат опфатени на матурскиот испит по математика:
– Поим за исказ
– Логички операции (негација, конјункција, дисјункција, импликација, еквиваленција)
– Сложен исказ
– Логички закони
– Поим за множество и подмножество
– Начини на задавање на множества
– Операции со множества
– Закони за операции со множества
– Природни броеви
– Цели броеви
– Рационални броеви
– Реални броеви
– Комплексни броеви
– Размер и пропорции, права и обратна пропорционалност
– Просто и сложено тројно правило
– Процентна сметка: одсто, подсто, надсто
– Делбена сметака
– Процентни сметки: од сто, под сто, над сто
– Каматна сметака
– Степен со показател природен број
– Цели рационални израци: мономи и полиноми
– Дробно рационални изрази
– Линеарна равенка со една непозната
– Линеарна неравенка со една непозната
– Неполна и полна квадратна равенка
– Природа на решенија на квадратна равенка
– Виетови формули и нивна примена
– Поим за квадратна функција
– График на елементарни квадратни функции
– Каноничен вид на квадратна функција, теме на парабола
– Основни геометриски форми
– Полуправа, отсечка, полурамнина
– Кружница, круг
– Агол и видови агли
– Искршена линија, многуаголник
– Вектор, операции со вектори
– Поим за периметар и плоштина
– Периметар и плоштина на: правоаголник, триаголник, четириаголник, правилни многуаголници.
– Периметар на кружница и должина на кружен лак
– Плоштина на круг и делови од круг
– Точка, права и рамнина
– Геометриско тело
– Рабести и валчести тела
– Пресек на геометриски тела со рамнина
– Поим за плоштина и волумен на тело
– Призма
– Пирамида
– Цилиндар
– Конус
– Топка
– Тригонометриски функции во правоаголен триаголник
– Мерење на агли (степени и радиани)
– Поим и дефиниција на тригонометриски функции од остар агол
– Тригонометриски функции од комплементни агли
– Вредност на тригонометриските функции од аглите: 30°, 45°, 60°
– Основни тригонометриски идентитети
– Решавање на правоаголен триаголник
Опис на испитот
Испитот по математика се полага писмено. Времетраењето на испитот по математика е 180 минути.
Во тестот се застапени три вида на испитни задачи:
- Задачи во кои ученикот треба да избере еден точен од повеќе понудени одговори
- Задачи во кои ученикот треба на означеното место да запише краток одговор
- Задачи во кои ученикот треба да ја прикаже целата постапка на решавање.
За време на испитот дозволено е ученикот да има: линијар и шестар, а по проценка на Државната матурска предметна комисија по математика, за целиот тест или за дел од тестот може да бидат понудени и формули.
Користење на калкулатор не е дозволено!
Начин на оценување
Максималниот број на бодови што може да се освојат на испитот по математика е од 60 до 80.
Точниот одговор на задачите во кои ученикот треба да избере еден точен од повеќе понудени одговори се оценува со 1 бод или со 2 бода.
Точниот одговор на задачите во кои ученикот треба на означеното место да запише краток одговор се оценува со 1 бод или со 2 бода.
Задачите во кои се бара ученикот да ја прикаже целата постапка на решавање, решавање на проблемска ситуација, да се дискутира, образложува и слично, се оценува така што одделно се оценува точното решавање во секоја фаза (чекор). Зависно од бројот на барањата овие задачи се оценуваат со 3 бода или повеќе од 3 бода.
Оценувањето се врши екстерно и централизирано врз основа на однапред изготвено упатство и усогласени критериуми.
Потребниот број бодови за да се положи испитот, како и распонот на бодови за секоја од позитивните оценки (од 2 до 5) се утврдува по завршување на испитот.
За да се положи испитот по математика не е неопходно да се освојат сите предвидени бодови. Сепак, подготовката на ученикот, како и неговите амбиции треба да бидат насочени кон освојување на што е можно поголем број бодови.
* Превземено од министерство за образование и наука / Биро за развој на образованието
Измени и новости
Оваа учебна година државната матура наместо во училници ќе се полага во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање.
Во голема просторија ќе има и повеќе тестатори така што оваа новина ќе овозможи подобра контрола на случувањата во текот на испитот и ќе оневозможи препишувања или масовно споделување на одговори по Вибер групи и сл.
Не е дозволено: користење какви било дополнителни средства – учебници, хартија, мобилни телефони и други електронски уреди, консултација со другите матуранти, препишување, недолично однесување кон други лица во просторијата, пишување недолични знаци на тестот или текст кој го открива идентитетот и сл.
Само мал дел од училиштата немаат доволно простории и дел од матурантите од тие училишта ќе полагаат во најблиското училиште во кое има услови за полагање.
Двата екстерни испита од државната матура во јунската сесија оваа година ќе се полагаат на 1 јуни – задолжителниот испит (македонски јазик, албански јазик и турски јазик) и литература и на 8 јуни – изборниот испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија и естетика).
За испитот по математика пријавени се вкупно 315 кандидати.
Како да се подготвам?
- Почни да учиш на време
- Од горната листа, помини ги темите кои најмалку ги знаеш.
- Земи приватни часови
- Реши ги задачите од претходните матурски испити.
Решени матурски тестови по математика
- 110 решени и објаснети задачи
- Во склад со испитна програма за 2024
- 10 часа видео материјал
- 10 пати поефтино од часови во живо