Политика за поврат на средства
За групите во живо:
Доколку сте извршиле уплата за некој курс, а потоа не сте задоволни од услугата или сте се премислиле од која било друга причина, Е-Образование ПДОО со задоволство ќе изврши повраток на уплатените средства. Потребни услови за тоа се следнве:
- Да не се поминати повеќе од 14 дена
- Ученикот да не присуствувал на повеќе од 2 часа.
За видео (онлајн) курсевите
Доколку сте извршиле уплата за некој видео (онлајн) курс, а потоа не сте задоволни од услугата или сте се премислиле од која било друга причина, Е-Образование ПДОО со задоволство ќе изврши повраток на уплатените средства. Потребни услови за тоа се следнве:
- Да не се поминати повеќе од 14 дена од Вашата уплата
- Да сте изгледале помалку од 10% од видео содржината на курсот.
- Да ни пишете изјава за откажување на нашата е-пошта (види контакт) Изјавата треба да е пратена од е-маилот со кој се најавувате за курсот, за да бидеме сигурни дека тоа сте вие.
Начин на повраток на средствата
Враќањето на средствата се врши со користење на истите средства за плаќање што ги користел потрошувачот во првичната трансакција.
Потрошувачот има право да се откаже со контактирање и потпишување на изјавата за откажување доставена до нас.
Изјавата за откажување ќе биде благовремена доколку е испратена во рок од 14 дена (без наведување на причините и дополнителни трошоци) од денот на уплатата на Купувачот. Е-Образование ПДОО е должен да изврши поврат на уплатата која ја примил од Купувачот, во рок од 14 дена од денот кога ја добил изјавата за откажување.
Имате прашања или ви треба помош?
Контактирајте нè на нашата е-пошта (види контакт).